БЛИСКУ СМЕ, СИТЕ САКААТ ДА ЗАВРШИ, ПА ОДЕДНАШ НЕ САКААТ Трамп ги коментираше средбите на делегации во Берлин

Имаме голема поддршка од европските лидери и тие сакаат војната да заврши. Во моментов, Русија сака конфликтот да заврши. Проблемот е што тие сакаат да заврши, а потоа одеднаш не сакаат. И Украина сака конфликтот да заврши. Проблемот е што тие сакаат да заврши, а потоа одеднаш не сакаат. Мора да ги доведеме на иста страна, мислам дека тоа функционира... Беше многу добар разговор, рече американскиот претседател по објавите дека во Берлин европските лидери, украинската и американската страна постигнале одреден напредок во мировниот план за Украина.

1,983

Средбата на европските лидери, американската делегација и украинскиот претседател Володимир Зеленски заврши во Берлин, Германија, а американскиот претседател Доналд Трамп се придружи на самитот во Берлин преку телефон, објави Скај њуз. Откако беше информиран за деталите од состанокот, на кој беше договорено дека Украина мора да го предаде Донбас за да добие безбедносни гаранции и брз влез во Европската Унија, американскиот претседател верува дека крајот на војната во Украина е многу блиску.

– Мислам дека сме поблиску до крајот на војната од кога било досега. Имавме добар разговор со европските лидери за војната меѓу Русија и Украина. Работите одат во вистинската насока, иако го кажуваме ова многу долго време. Имаме голема поддршка од европските лидери и тие сакаат војната да заврши. Во моментов, Русија сака конфликтот да заврши. Проблемот е што тие сакаат да заврши, а потоа одеднаш не сакаат. И Украина сака конфликтот да заврши. Проблемот е што тие сакаат да заврши, а потоа одеднаш не сакаат. Мора да ги доведеме на иста страна, мислам дека тоа функционира… Беше многу добар разговор – рече Трамп.






Зеленски по средбите во Берлин изјави дека добил понуда од САД забезбедносни гаранции налик Член 5 од НАТО, под услов Украина да не стане членка на НАТО. За украинскиот претседател проблем останува демилитаризираната зона која Украина се плаши дека Русија би можела да ја искористи во своја полза.

Исто така, Зеленски информираше дека во Берлин не бил направен напредок во однос на територијалните прашања за Украина.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и бројни други европски лидери се залагаат за мултинационални сили кои би обезбедиле можен прекин на огнот во Украина, јави ДПА.

Силите би биле предводена од Европа и поддржани од Соединетите Држави. Тие би им помагале на украинските вооружени сили и би ја обезбедиле безбедноста на воздушниот простор и морињата, се вели во заедничката изјава усвоена вечерва, на состанокот на германскиот канцелар Фридрих Мерц со европските лидери во Берлин.

Поврзани содржини