БЛИСКИОТ ИСТОК Е НА РАБ НА ГОЛЕМА ВОЈНА! Кремљ го осуди убиството на лидерот на Хамас
Очигледно е дека организаторите на ова политичко убиство беа свесни за опасните последици од оваа акција за целиот регион, рече заменик - портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Андреј Настасин.
Москва остро го осудува убиството на Исмаил Ханија, шефот на политичкото биро на палестинското движење Хамас, рече на брифинг Андреј Настасин, заменик – портпаролот на руското Министерство за надворешни работи изразувајќи го официјалниот став на Кремљ за убиствотото во Техеран.
Русија денеска соопшти дека Блискиот Исток е на работ на голема војна.
– Во моментов, регионот е на работ на глобален конфликт. Земјите продолжуваат да ги зголемуваат влоговите – рече Настасин, истакнувајќи дека нема изгледи за промена на динамиката на случувањата во регионот.
Според Русија, „манијакалната желба“ на САД да го монополизираат процесот на политичко решение на Блискиот исток доведе до ваква ситуација, јавуваат светските агенции.
– Остро го осудуваме убиството на Исмаил Ханија, шефот на политичкото биро на палестинското движење Хамас, како резултат на ракетен напад врз неговата резиденција во Техеран. Очигледно е дека организаторите на ова политичко убиство беа свесни за опасните последици од оваа акција за целиот регион – рече рускиот дипломат.