Блинкен: Америка се врати

Тој за Би Би Си ја истакна важноста на вакцинацијата протов коронавирусот и упати критики за Кина поради, според негова проценка, недостигот на транспарентност при откривањето на начинот на кој се појави коронавирусот.

295

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД се „вратија“ и целосно се ангажирани во решавање на прашањата, како што се пандемијата на ковид-19, климатските промени и иранската нуклеарна програма.

Тој за Би Би Си ја истакна важноста на вакцинацијата протов коронавирусот и упати критики за Кина поради, според негова проценка, недостигот на транспарентност при откривањето на начинот на кој се појави коронавирусот.






Блинкен смета дека е потребен подобар систем за здравствена заштита, со цел да се спречат пандемиите.

– Од земјите се бара да бидат транспарентни и да разменуваат информации – нагласи државниот секретар на САД.

Блинкен додаде дека Вашингтон и неговите европски партнери се повторно на иста страна кога станува збор за Иран.

Поврзани содржини