БЛЕСНАА НОВИ ФАСАДИ Градоначалникот Митко Јанчев го разубави Кавадарци
Во тек е реконструкција на зградата на улицата 7 Септември бр. 64, по што следуваат и останатите. А, потоа ќе се продолжи со реконструкција на фасадите и на зградите на улицата на Блажо Алексов, информираат од општината.
Деновиве интензивно се работи на реконструкција на фасадите на станбените згради во урбаните заедници Ќиро Крстев и Страшо Пинџур. Фарбани и санирани се оштетените делови на зградите на улиците Ленинова,
и Иво Андриќ, велат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Во завршна фаза е реконструкцијата на фасади на станбените згради, односно фарбање на истите и санација на оштетените делови и тоа на на Страшо Пинџур бр 63, во Урбаната заедница Слога, а ќе се започне и реконструкција на зградите на ул. Беласица 1,3,5 и 7.
Изведувач е фирмата Градба Промет, а вкупната инвестиција за сите чини 4.126.460 денари.
Во тек е реконструкција на зградата на ул. 7 Септември бр. 64, по што следуваат и останатите. А, потоа ќе се продолжи со реконструкција на фасадите и на зградите на улицата на Блажо Алексов, информираат од општината.
Изведувач е фирмата Автоматско технолошки системи ДООЕЛ Скопје, а целата инвестиција е во вредност од 5.787.428 денари.