БЛЕРИМ БЕЏЕТИ, ДАНЕЛА И ЛЕВИЦА СЕ ВО КОАЛИЦИЈА Зборуваат за „угнетени Албанци“, а тие ја деалбанизираат градската администрација

За 22 години, ДУИ ја уништи секоја можност за напредок на Албанците во Скопје и пошироко. Оваа криминална власт, која го игнорираше нашиот народ со децении, го претвори нашиот град и нашите населби во нивната верзија на „Лас Вегас,“ каде што само тие профитираат, додека Албанците остануваат пред затворените врати на власта, обвинува Вреди.

668

„Секој пат кога Демократската унија за интеграција излегува во јавност и обвинува за наводна угнетеност на Албанците, пред нив се појавува коалицијата помеѓу Блерим Беџети, Данела Арсовска и Левица“, изјави Афан Елези од Вреди.

– Оваа коалиција од интерес и емоции продолжува да биде функционална во корист на Беџети, Арсовска и Левица, а на штета на Албанците и na сите граѓани. Доказ за тоа е продолжувањето на изградбата на споменикот на Андон Лазов Ќосето, познат како „касапот на Албанците“, на кружниот тек кај трговскиот центар „Ист Гејт мол“ – рече тој.






Почитувани граѓани, секогаш кога ќе слушнете патриотски приказни од Блерим Беџети и од нему слични, помислете на споменикот на Ќосето, познат како “касапот на Албанците,” и на прислушуваниот разговор со неговиот патрон, Муса Џафери. Давањето на еден албански обвинител не може да не води во рајот – изваи Елези.

Според него, Беџети и „најнепосакуваната градоначалничка Данела Арсовска“ отишле уште подалеку.

– Во нивната алчност за власт, по секоја цена, прават сѐ за да ja „деалбанизираат“ градската администрација на Скопје. Благодарение на нив, Албанците, кои сочинуваат повеќе од 22% од населението на градот, се целосно исклучени од локалната власт. Дополнително, од 92 раководни позиции во администрацијата, само 8 се пополнети со Албанци. Ситуацијата е уште позагрижувачка во јавните претпријатија на Град Скопје. Освен во Јавното претпријатие „Комунална хигиена,“ каде Албанците имаат минимална застапеност, во шест клучни претпријатија како што се „Паркови и зеленило“, „Водовод и канализација“, „Јавното сообраќајно претпријатие”, „Градски паркинг“, ЈП „Улици и патишта“, „Дрисла”, Албанците заземаат само 5,5% од раководните позиции – тврди Елези.

За 22 години, ДУИ ја уништи секоја можност за напредок на Албанците во Скопје и пошироко. Оваа криминална власт, која го игнорираше нашиот народ со децении, го претвори нашиот град и нашите населби во нивната верзија на „Лас Вегас,“ каде што само тие профитираат, додека Албанците остануваат пред затворените врати на власта, обвинува Вреди.

 

Поврзани содржини