🎥 БЛЕЈК ЛАЈВЛИ И АНА КЕНДРИК ЌЕ ПРОМОВИРААТ НОВ ФИЛМ СРЕДЕ СКАНДАЛОТ Двете актерки не се поднесуваат

Нивната соработка доаѓа во моментот кога се шират гласини дека не се поднесуваат, откако претходно заедно глумеа во филмот „A Simple Favor“. Сега и двете се во центарот на вниманието бидејќи ја започнуваат промотивната кампања за продолжението, чија премиера е закажана за 7 март.

329

Блејк Лајвли е среде тешки обвиненија и судска битка со својот колега од филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us) Џастин Балдони, што резултираше со правни спорови и обвинувања. Но, додека таа драма сè уште се развива, актерката се подготвува да го промовира својот нов филм „Another Simple Favor“, во кој повторно глуми со Ана Кендрик.

Нивната соработка доаѓа во моментот кога се шират гласини дека не се поднесуваат, откако претходно заедно глумеа во филмот „A Simple Favor“. Сега и двете се во центарот на вниманието бидејќи ја започнуваат промотивната кампања за продолжението, чија премиера е закажана за 7 март.






Откако објавите на Блејк Лајвли на социјалните мрежи во текот на промотивната кампања за филмот „Ова завршува со нас“ доведоа до низа критики и судири со Балдони, Блејк, наводно ангажирала приватен експерт за комуникации за да и помогне да избегне дополнителна штета на нејзината кариера.

Со оглед на зголемениот интерес од обожавателите, многумина почнаа повторно да ги анализираат интервјуата од 2018 година, кога Блејк и Ана го промовираа својот прв заеднички филм. Потоа си разменија саркастични коментари, а тензијата меѓу нив, според многумина, била многу забележлива.

Едно од интервјуата кое повторно стана вирално на социјалните мрежи покажува дека Ана ја „омаловажува“ Блејк, сугерирајќи дека таа не е толку талентирана како неа.

„Ја запознав Блејк неколку пати преку Рајан Рејнолдс додека го снимав филмот „The Voices“ и, знаете, ми изгледаше како убава личност… но малку згрешив“, изјави Кендрик. Иако се чинеше како шега, Ана во еден момент ладно и кажа на Блејк: „Не ме допирај“.

По овие саркастични коментари, атмосферата меѓу нив две наеднаш се залади, а Блејк немирно продолжи со насмевка на лицето. Ана исто така сугерираше дека Блејк е љубоморна, откако Блејк призна дека „никогаш не би можела да стане принцеза на Дизни без гласот на Ана“. Ана тогаш ѝ одговорила: „Ах, кутра ти, животот ти е толку тежок!“

Во еден момент од интервјуто, Блејк го загуби трпението бидејќи репортерот и поставуваше прашања само на Ана, па таа фрустрирано рече: „Што е со мене овде?“ Ана иронично одговорила: „О, Боже, те молам не се карај само затоа што сум најдобра во се!“ Дури и за време на снимањето на трилерот „A Simple Favor“ во 2018 година, кружеа гласини за нивниот конфликт, иако многумина тврдат дека тоа е само сарказам.

Поврзани содржини