Благоја Варошанец ја доби наградата „Ладислав Баришиќ“

Варошанец ја доби оваа награда за предлог истражувачкиот проект „Тајните места на Скопје“.

340

Благоја Варошанец, историчар на уметност и кустос е годинашниот добитник на наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година од областа на ликовната критика на  Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија.

Варошанец ја доби оваа награда за предлог истражувачкиот проект „Тајните места на Скопје“.






Проектот се осврнува на ургентната потреба од документирање, мапирање и архивирање на современото модерно уметничко наследство: скулптури, објекти, мурали, мозаици, витражи и сл., поставени во јавен простор на територијата на градот Скопје, создадени во периодот по втората светска војна сѐ до 90-тите години на 20 век. Тој им дава видливост на познатите, а открива и помалку познати остварувања на модерната, реализирани во јавен простор, на отворено, но и во разновидни објекти од јавен карактер: згради на јавни установи и деловни објекти,  дворови на фабрики и сл.

– Ова истражување и дава светлина на модерната уметност и од контекст на круцијалноста во урбанистичкото планирање на градот, во кое уметнички дела се планираат како интегрален дел од една архитектонската целина, а не како нивна декорација. Со тоа проектот открива дела и целини коишто преку годините и заради непланските зголемувања, украсувања и сквернавења на јавниот простор (особено со проектот Скопје 2014) се сокриени, запоставени, оштетени или оставени на забот на времето – велат од комисијата која му го додели признанието.

 

Поврзани содржини