БКК и СКСЗМ: Да се укинат тестовите на ковид-19 меѓу Македонија и Косово

596

Влијанието на кризата на пандемијата ковид-19 достигна огромни размери на глобално ниво. Оваа криза влијаеше врз дејноста на бизнисите и истовремено има големо влијание како на економски така и на социјален аспект. Со оглед на горенаведеното, македонската и владата на Косово треба да донесат одлуки што ќе го олеснат слободното движење на луѓето и ќе овозможат непрекинат проток на трговската размена, што влијае на развојот на регионалната економија на двете земји, бараат Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и Бизнис Комората на Косово.

Двете комориапелираат до владите на двете земји да ја укинат одлуката за задолжителен негативен ПЦР тест, во координација со соодветните министерства и комисии со цел да се овозможи продолжување на непречена регионална соработка, подржувајќи се кон сите мерки за заштита и спречување на ковид-19.






– Со оглед на фактот дека Македонија и Косово се соседи по копнена граница, задолжителниот негативен ПЦР тест за влез во двете земји претставува дополнителна бариера како за физичките лица така и за бизнисот, бидејќи најпрво се погодува економијата која претрпува големи загуби од оваа одлука. Косово и Македонија немаат воспоставено тестови со Албанија и не е потребно тие да се воспостават меѓусебно – велат од двете комори.

 

Поврзани содржини