БИЗНИСОТ СЕ ВРТИ КОН ЗЕЛЕНОТО КРЕДИТИРАЊЕ Во „зелени проекти“ лани завршиле 323.000 евра

Oд крајот на 2019 година, заклучно со 2023 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2% на 4,5%.

83

Лани „зелените кредити“ забележале раст од 29,1%, а само во последниот квартал од годината имало раст од  5%, покажуваат податоците на Народна Банка.

Споредено со крајот на 2019 година, од кога се прибираат податоците, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати.






На крајот од 2023 година, банкарските побарувања врз основа на зелени кредити изнесуваат 19.863 милиони денари (322,975 евра). За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари.

Растот на зеленото кредитирање се должи најмногу на кредитите земени од фирмите, додека најмногу зелени кредити давале големите банки.

Расте и уделот на зелените во вкупните кредити, иако сѐ уште е на ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со 2023 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2% на 4,5%.

„Зелените кредити“ се наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање нова еколошка технологија.

 

Поврзани содржини