БИЗАРНО Руска тенисерка сама се гребеше среде натпревар, лекарите интервенираа (ВИДЕО)

Русинката одеднаш доби напад на бес и почна да се самоповредува. Таа толку силно се стисна за вратот, по што мораше да побара медицинска помош.

979

Публиката којашто го следеше финалето на ВТА турнирот во Бирминген беше сведок на бизарна сцена откако руската тенисерка Дарија Касаткина почна да се самоповредува.

Натпреварот се играше помеѓу тенисерката од Тунис, Онс Жабус, која славеше победа по само два сета, но мечот го одбележа токму шокантниот потег на нејзината противничка Касаткина.






Русинката одеднаш доби напад на бес и почна да се самоповредува. Таа толку силно се стисна за вратот, по што мораше да побара медицинска помош.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи може да се забележи дека тенисерката си нанела сериозни гребаници, а докторот мораше да ѝ направи дезинфекција со цел да продолжи мечот.

Во продолжение, погледнете ги видеата:

Поврзани содржини