БИТОЛСКИОТ РЕГИОН Е МАГНЕТ ЗА ДОМАШНИТЕ И ЗА СТРАНСКИТЕ ЛОВЏИИ Кондовски ќе го развива ловниот туризам во Битола

Битола ќе го поддржи и ќе го развива ловниот туризам бидејќи тој е важен дел од целата стратегија за развој на туризмот во Битола, рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола од редовите на СДСМ.

316

Развојот на туризмот ќе биде стратешка определба на Општина Битола, а како значаен дел во развојната стратегија во оваа област веќе е зацртан развојот на ловниот туризам, истакна денеска кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, на средба со претставници на Ловното здружение „Сокол“.

– Битола ќе го поддржи и ќе го развива ловниот туризам бидејќи тој е важен дел од целата стратегија за развој на туризмот во Битола. Ловните терени во битолскиот регион се вистински магнет како за битолските ловџии, така и за оние кои тука доаѓаат од другите делови на државата, но и надвор од неа. И тоа мора да се искористи за развој на туризмот. За таа цел со ловците делиме исто мислење дека заложбите мора да продолжат во правец на доуредување на ловните терени и обележување на патеките и ловиштата – рече Кондовски.






Тој посочи дека соработката со ловните друштва е клучна за решавање на сите отворени прашања поврзани со ловот во околината на Битола.

– Во Битола има голем број ловџии организирани преку ловните друштва „Сокол“ и „Пелагонија Пелистер“. Соработката со нив е од исклучително значење за да можеме на потребите и на сите отворени прашања кои ги имаат ловџиите да одговориме најоптимално и со вистински решенија – рече Кондовски.

На средбата, Кондовски и ловџиите разговараа и за различни можности и решенија за искористување на сезоната на лов.

Поврзани содржини