Битолска република
Денес, после четири години, не зборуваме дали. Не зборуваме како. Туку зборуваме дека ние, независните револуционери, сме најголемиот страв за оние кои се и кои посакуваат да дојдат на власт. Денес ние – „хејтерите” и „терористите” од Битола - сме мотив на еден куп такви револуционери во други градови.
Како наследници на Питу, Јане, Гоце, Илинден… баш сега разбирам дека и во Нас има таков револуционерен ген. И како никогаш досега работи во Нас најсилно шо можи.
Признавам дека мислев дека сме најголеми револуционери кога без никаква поддршка излеговме како независна иницијатива за Битола и решивме да се бориме.
Признавам и дека знаев дека сме револуционери во изминатите четири години кога гордо издржавме да останиме на правиот пат за Битола.
Признавам дека знаев дека сме револуционери и тогаш кога нè нарекуваа терористи и хејтери, а ние само го браневме нашиот град од злоупотребата за лични интереси на власта, но и од инертноста и од незаинтересираноста на опозицијата.
Признавам дека ми беше криво шо патот од четири години не го изодеа оние кои идеалите ги продадоа, шо би рекле битолчани, за ситни пари, од типот на заменички директорски места, вработувања и лични промоции, ама тоа беше кратко, бидејќи така се гради и расти револуцијата – со чистење од предавници!
Денес, после четири години, не зборуваме дали. Не зборуваме како. Туку зборуваме дека ние, независните револуционери, сме најголемиот страв за оние кои се и кои посакуваат да дојдат на власт. Денес ние – „хејтерите” и „терористите” од Битола – сме мотив на еден куп такви револуционери во други градови.
Денес не сме сами како пред четири години.
Во овие изминати денови, кога се иницираше најнедемократскиот закон кој некогаш постоел, дури ми е и мило што тоа се случи. Мило ми е оти им го видовме лицето на оние кои лажно се колнеле во граѓански револуции, на оние кои преку нив седнаа во фотелјите, но и на оние кои глумат „загрижени за независните“, а всушност промовираат лажни граѓански движења и притоа се живи ќефој, ако треба и 10% да е прагот за листи!
Во духот на Илинден и нашите предци…
Револуцијата е жива и борбата за Битола продолжува!
И – ќе победиме!