БИТОЛЧАНЕЦ ИМАЛ ИМПРОВИЗИРАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОРУЖЈЕ Изработувал огнено оружје во својот дом
Битолчанец доработувал и изработувал огнено оружје во импровизирана работилница во неговиот дом, соопшти полицијата.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.Г. (63) од селото Канино, Битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 13.12.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што било констатирано дека на неовластен начин вршел доработување и изработување на огнено оружје во импровизирана работилница во склоп на неговиот дом во Канино. При претресот било пронајдено пневматско оружје, за кое не поседувал документација и пиштол кој продуцира звучен ефект.