БИТОЛА ДОНИРАШЕ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА КОЧАНИ Милион денари како финансиска помош и милион за повредените

58

Советот на Општина Битола на вонредна седница донесе одлука од локалниот буџет да издвои два милиони денари, финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во Кочани.

Членовите на општинскиот совет и градоначалникот Тони Коњановски со минута молчење оддадоа почит на загинатите лица, а потоа посакаа брзо заздравување на повредените кои во моментов се лекуваат во државата и странство.






– Битола сочувствува со болката на семејствата на починатите. Нашиот град секогаш е солидарен и затоа во оваа прилика се издвојуваат еден милион денари како финансиска помош и еден милион за повредените – посочи Габриела Илиевска, претседателка на Совет на Општина Битола.

 

Поврзани содржини