Битиќи: За две недели ќе се знаат деталите за аплицирање за мерките од третиот пакет
Условите за аплицирање аа мерките ќе биде едноставен и онлајн.
За две недели ќе се донесат сите Уредби и ќе бидат објаснети сите поединости во врска со третиот сет економски мерки на владата, изјави денеска советникот за економски прашања на премиерот, Фатмир Битиќи.
Тој рече дека условите за аплицирање на мерките ќе биде едноставен и онлајн.
– Начинот на аплицирање се финализира како ќе биде, но мислам дека административното аплицирање ќе биде лесно и според постоечките закони.Ќе почекаме две недели да се донесат деталите, но тоа ќе биде лесно – рече Битиќи.
Тој додаде дека моментално се прават анализи за граѓаните кои се опфатени со мерките и најверојатно прво ќе се даде период во кој граѓаните ќе треба сами да се изјаснат за кои мерки ќе аплицираат.
– Ќе има двонасочна комуникација. Владата веќе презема иницијатива на филтирање на списоците по критериумите што вчера беа кажани, но ќе има и процес на изјаснување на граѓаните дали ги прифаќаат евентуалните мерки. Во следниот период, не повеќе од две до три недели, ќе има повик до сите граѓани особено за првите два пакета од првиот столб за платежните картички и ваучерите – рече Битиќи.
Според Битиќи платежните картечки што ќе ги добијат граѓаните планирани со мерките ќе бидат поврзани со посебни сметки и одвоени од другите сметки кои ги имаат граѓаните.