Битиќи: Владата креира мерки за заржување на работниците и не стимулира нивно отпуштање

За одлуката на Уставниот суд да ја замрзне исплатата на минимални плати за избраните функционери Битиќи рече дека се следи што се случува и дека треба да седнат да разгледаат зошто таквата уредба не е прифатлива и што треба да се направи.

354

Не е вистина дека Владата стимулира отпуштање на работници од приватниот сектор, туку, напротив, креира мерки и овозможува доволно простор компаниите да ги задржат работниците и при тоа да не се нанесе колатерална штета на другите, изјави советникот на премиерот Фатмир Битиќи.

–  Секако дека пандемијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени, но ние сакаме да го задржиме на минимум колку што е можно во надолна тенденција. Мерките што ги преземаме за поддршка на приватната и јавната потрошувачка и раст на реалниот сектор се умерени, но се насочени за долгорочни цели кои се добро обмислени и тоа цел свет го поддржува. И затоа и во третиот сет на мерки ќе гледаме да осигураме одредени средства во приходната страна, но во овој момент сме насочени кон расходната страна и на мерките кои им требаат на граѓаните и компаниите, бидејќи тие се тие генератори кои се директно на удар од пандемијата – рече Битиќи.






За одлуката на Уставниот суд да ја замрзне исплатата на минимални плати за избраните функционери Битиќи рече дека се следи што се случува и дека треба да седнат да разгледаат зошто таквата уредба не е прифатлива и што треба да се направи.

– Во овој момет е во тек дискусија и ќе се продолжи со разговори дали и каква уредба би требало да биде најсоодветна ако евентуално дискусијата на Уставниот суд биде негативна следната недела –  појасни Битиќи.

Поврзани содржини