Одговарајќи на новинарско прашање поврзана со мерката за помош на граѓаните од ранливите категории со 6.000 денари, вицепремиерот Битиќи рече дека тоа ќе се случи најдоцна за десетина дена.
– Гласањето на овој закон во сушитна беше малку одложено, па што им излезе во Службен весник ќе се направат сите оперативни чекори за да може, прво банките да се огранизираат, поради тоа што списоците ќе се дадат од страна на владата и соодветно ќе банките ќе треба да ја извршат исплатата. Откако ќе завршат со исплатата започнува течењето на роковите, но секако на граѓаните ќе им биде дадено доволно време за можност за користење на средствата – изјави Битиќи.