Билт очекува долги преговори за владина коалиција слична на досегашната 

706

По вчерашните избори во Северна Македонија ќе следат долги преговори за владина коалиција, која би требало да биде верзија на досегашната, напиша на Твитер поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ОН за Балканот Карл Билт.

„Претпоставувам дека ќе следат долги преговори за коалиција, но најверојатно ќе видиме верзија на сегашната влада и во текот на следните неколку години, како резултат на вчерашните избори“, наведува Билт.

Поврзани содржини