БИЛЕТИТЕ СЕ РАСПРОДАДОА, АЕК ГО ЧЕКА ПЕКОЛ Алкалоид пред полни трибини ќе игра за европска титула
Нашиот претставник од Атина се врати со предност од првиот меч, но сега треба момците на Кирил Лазаров треба да го добијат противнкот на свој терен пред полна сала. Сите билети за дуелот се веќе распродадени.
Македонската спортска, но особено ракометна јавност секако е во нетпрение да дојде недела кога тимот на Алкалоид го игра својот историски реванш финален дуел од Европскиот куп против тимот на АЕК од Грција.
Нашиот претставник од Атина се врати со предност од првиот меч, но сега треба задачата да се одработи до крај и момците на Кирил Лазаров да го добијат противникот и на свој терен.
Истото ќе треба да го сторат пред полна сала, затоа што од РК Алкалоид предмалку објавија дека се продадени сите билети за овој дуел, кој инаку се игра в недела во салата Борис Трајковски со почеток од 20:30 часот.
Ова од РК Алкалоид и го посакуваа, салата да биде до врв полна со навивачи кои ќе ги бодрат младите ракометари до историски успех и европска титула.