БИЛЕТИТЕ ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА Алкалоид го пречекува дански Силкеборг во Европската лига на ЕХФ
Цената на влезниците за дуелот кој ќе се игра на 14 ноември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје изнесува 100 и 150 денари.
Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид денес ги пушти во продажба билети за натпреварот со Бјерингбро-Силкеборг кој ќе се игра во рамките на третото коло од Европската лига на ЕХФ.
Продажбата на билети за натпреварот меѓу РК Алкалоид и Бјерингбро- Силкеборг ќе биде преку продажната мрежа на MKTickets.
Цената на влезниците за дуелот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје изнесува 100 и 150 денари.
Мечот е закажан за 14 ноември со почеток од 18:45 часот.