БИЛЕ ВО ЉУБОВНА ВРСКА Мис САД го пријави конгресменот, ѝ се заканувал дека ќе објави нејзини сексуални видеа

Мис САД Линдзи Ленгстоун го обвини американскиот конгресмен Кори Милс, републиканец од Флорида, дека ѝ се заканувал со објавување сексуални снимки и голи фотографии, откако на почетокот на оваа година таа ја прекинала нивната врска.

310

Мис САД Линдзи Ленгстоун го обвини американскиот конгресмен Кори Милс, републиканец од Флорида, дека ѝ се заканувал со објавување сексуални снимки и голи фотографии, откако на почетокот на оваа година таа ја прекинала нивната врска.

Според наводите од полицискиот извештај, Милс се заканувал и дека ќе му наштети на секој маж со кого Линдзи ќе излегува во иднина.






Во извештајот од 14 јули е наведено дека нивната врска започнала во 2021 година, а завршила во февруари годинава. По раскинувањето, Милс наводно ја контактирал повеќепати и ѝ се заканувал дека ќе објави интимни материјали, вклучително и видеа со сексуална содржина, верувајќи дека таа започнала врска со друг маж.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsey Langston (@lindseylangstonfl)


Ленгстон, која во ноември треба да ја претставува САД на изборот за Мис Универзум, им предала на властите пораки како доказ за своите тврдења.

Досега не се поднесени обвиненија, а 45-годишниот Милс во средата ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека се работи за „политички напад“.

Ленгстон изјавила дека во моментот кога се запознале, Милс сè уште бил во брак, но одвоен од сопругата, ветувајќи ѝ дека разводот ќе биде финализиран во 2024 година.

Милс, поранешен војник од Ирак и носител на „Бронзена ѕвезда“, е конгресмен за област североисточно од Орландо и минатата година беше реизбран за втор мандат.

Во јануари, отворено говореше за можноста да се кандидира за Сенат, но гувернерот на Флорида, Рон Десантис, на таа функција ја назначи Ешли Муди.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsey Langston (@lindseylangstonfl)


Ленгстон, која е и член на републиканскиот државен комитет, оваа година се иселила од домот на Милс, откако медиумите објавија дека полицијата истражува наводен напад од негова страна врз друга жена во Вашингтон. И двајцата го негирале инцидентот, а обвиненија не биле поднесени.

Во својата изјава, Милс рече: „Овие тврдења се лажни и ја изопачуваат природата на моите интеракции. Секогаш сум се однесувал со интегритет, и во личниот живот и во службата кон 7. округ на Флорида“.

Тој ја обвини Ленгстон дека е дел од политички план на неговиот поранешен ривал Ентони Сабатини „за медиумски поени“.

Сабатини, кој во 2022 година изгуби од Милс на републиканските внатрепартиски избори, сега е адвокат на Ленгстон. Според „Политико“, тој на социјалните мрежи објавил наводни снимки од заканите на Милс и тврдел дека таа поднела барање за забрана за приближување, што сè уште не е потврдено. Во својот одговор, Сабатини накусо напиша на социјалните мрежи: „Милс мора да поднесе оставка“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsey Langston (@lindseylangstonfl)

Поврзани содржини