БИЛЕ ПРОФЕСОРИ ВО БЕЛГРАД Контроверзните близнаци Богданов починаа од коронавирус во иста недела
Роднините потврдија дека станува збор за последици од заразата со коронавирусот. Ниту Игор, ниту Гришка не биле вакцинирани и двајцата биле хоспитализирани поради коронавирусот.
На 72-годишна возраст почина Игор Богданов, познат француски ТВ-водител, продуцент и научен есеист. Само шест дена пред Игор почина и неговиот брат близнак Гришка.
Смртта на ТВ-водителот ја потврди неговиот агент, а потоа во трогателна објава и неговото семејство.
„Замина во мир и опкружен со љубов, отиде во светлина овој понеделник, 03 јануари 2022 година“, напишаа во соопштението.
Братот близнак на Игор, Гришка Богданов, ја изгуби тешката битка на 28 декември откако неколку дена лежел во кома во болница. Семејството на починатите браќа не сакале да ги коментира причините за нивната смрт.
Сепак, роднините потврдија дека станува збор за последици од заразата со коронавирусот. Ниту Игор, ниту Гришка не биле вакцинирани и двајцата биле хоспитализирани поради коронавирусот.
Близнаците Богданов станаа познати во текот на 80-тите откако се појавија во една од првите научно-фантастични серии во Франција, „Temps X“, на каналот TФ1. Голем дел од гледачите со задоволство ги следеа браќата во разни авантури во нивните футуристички одела, а дел ги исмеваа за нивниот изглед. Лицата и на Игор и на Гришки беа изобличени на некој начин. Обожавателите на серијата беа убедени дека причината за нивните изобличени лица се бројните пластични операции, додека, тие тврделе дека се „вонземјани“.
Познатите браќа од Франција дипломирале теоретска физика, но дипломирале со минимална преодна оценка, поради што нивните трудови од областа на космологијата биле оценети како „крајно сомнителни“.
Инаку, близнаците работеа како водители и најавувачи на различни британско-американски серии кои опфаќаа прашања од областа на научната фантастика и популарната наука. Некои од нив се „Зона на самракот“, „Ѕвездени патеки“, „Затвореник“, „Доктор Ху“ итн.
Во 2005 година биле ангажирани на приватниот универзитет Мегатренд во Белград, каде што биле прогласени за раководители на Катедрата за космологија и основале лабораторија. Пред неколку години, браќата станаа еден од симболите на сферата на криптовалутите бидејќи Гришка се пофали дека учествувал во создавањето на биткоинот.