БИЛАНС НА МВР ЗА АВГУСТ Три пати помалку жртви од сообраќајки

211

Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Во август оваа година, како што соопшти тој, имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19.






– Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата – рече Ангеловски.

За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди, додаде тој, МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.

– Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 518 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои седум се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 56 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина. Синоќа санкционирани се и 86 пијани возачи. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови – рече Ангеловски.

 

Поврзани содржини