БИЛА ЗАТРУПАНА ВО ДВОРОТ ДЕСЕТИЦИ ГОДИНИ Жител на делчевско Вирче пронашол неексплодирана граната

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. 

583

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор.

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната -информира делчевската полиција.






Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Поврзани содржини