Највисокиот суд во Пенсилванија во средата на укина осидутелната пресуда за Бил Козби (83), откако Врховниот суд ја поништи пресудата со која актерот беше осуден за сексуално злоставување.
Козби беше прогласен за виновен во 2018 година за сексуален напад на Андреа Констенд во 2004 година, која како што стои во пресудата, тој ја дрогирал и нападнал на својот имот.
Козби одлежа нешто повеќе од две години од казната.
Актерот и комичар е најпознат по улогата на сопруг и татко во хумористичната серија „Шоуто на Козби“.
Десетици жени го пријавија за злоупотреба, а пресудата што ја доби во 2018 година се сметаше како пресвртна точка во движењето #MeToo.
Козби беше осуден за дрогирање и малтретирање на вработена од Универзитетот Темпл на неговиот имот.