Бил Гејтс со ново предупредување: Ќе биде уште полошо, ситуацијата ќе се влоши!
Сите бројки растат и постои голема шанса да бидеме сведоци на поголемо ширење на коронавирусот. Додека не дојде новата заштита. Но, она што го имаме моментално е нашето однесување, заштитните маски и почитувањето на сите мерки - рекол Гејтс.
Првиот човек на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, честопати ја коментира состојбата со ковид-19 во САД и во светот, а сега повторно го направи тоа и упати предупредување дека ситуацијата дополнително ќе се влоши во наредниот период.
– Ќе биде многу полошо од претходно – рекол Гејтс за „Politico“.
Тој додал дека постои голема шанса да бидеме сведоци на поголемо пренесување на вирусот.
– Сите бројки растат и постои голема шанса да бидеме сведоци на поголемо ширење на коронавирусот. Додека не дојде новата заштита. Но, она што го имаме моментално е нашето однесување, заштитните маски и почитувањето на сите мерки – рекол Гејтс.
Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда се на чело на нивната фондација која што донира стотици милиони долари за испитувањето на коронавирусот, како и за потрага на вакцина.