Откако Бил Гејтс објави дека по 27 години брак се разведува од сопругата Мелинда, неговиот приватен живот се најде во фокусот на јавноста, а посебно внимание привлече интервјуто на Гејтс од 1997 година, во кое откри дека еднаш годишно поминува викенд со поранешната девојка Ен Винблад.
Гејтс секоја пролет поминувал неколку дена со Ен во нејзината куќа во Оутр Бенкс, каде уживале во прошетки по плажата и во дружењето. Нивното дружење го одобрувала неговата сега веќе поранешна сопруга Мелинда, изјави тој за „Тајм“ во 1997 година.
– Со неа можам да се шегувам, додека во исто време разговараме за биотехнологијата – рекол тогаш Гејтс.
Тој и Ен раскинале во 1987 година, по тригодишна врска, делумно затоа што Ен, која е пет години постара од Бил, тогаш била подготвена за брак, додека тој, како што открил, не бил.
– Кога решив да стапам во брак со Мелинда, ја повикав Ен и ја прашав за благослов. Ен ми рече дека Мелинда ќе ми одговара затоа што има интелектуална издржливост – рекол тој за „Тајм“.
Ен, која сега има 70 години, е во брак со Едвард Алекс Клајн, а куќата во која редовно престојувале таа и Гејтс сега е достапна за изнајмување.