БИЛЈАНА СТЕФАНОСКА Е НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ТУРИЗАМ Вети отчетност и транспарентност
Стефаноска, информираа од агенцијата, се обврзала дека посветено ќе работи и ветила одговорност, отчетност и транспарентност.
Билјана Стефаноска е нова директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Таа денеска ја преседе функцијата од в.д. директорката Јасмина Лескаровска.
Стефаноска, информираа од агенцијата, се обврзала дека посветено ќе работи и ветила одговорност, отчетност и транспарентност.
Досегашната директорка Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што следува, и истовремено и посака успешна работа и продолжување на активностите во насока на развој на одржливиот туризам, како и унапредување и развој на севкупната туристичка понуда.