БИДИ ФИНАНСИСКИ СЛОБОДЕН Пакетите од Комерцијална банка ти го овозможуваат тоа
КБ пакетите на Комерцијална банка се достапни онлајн преку мБанка, Интернет банка или со електронска идентификација преку OneID и нудат сѐ што им треба на твоите лични финансии. Може да избереш КБ Стандард, КБ Бонус или Zipp пакет за млади до 29 години.
Ако сакаш да си ја зголемиш финансиската слобода, сѐ почнува со формирање добри финансиски навики или напуштање на застарените. Во светот на финансиите дефинитивно има многу можности кои ќе ти помогнат да ги дотераш личните финансии така како што најмногу ти одговара.
Може да започнеш веднаш и со избор на пакет банкарски производи и услуги затоа што така ќе добиеш повеќе за помалку.
Зошто пакетот банкарски производи и услуги е добар избор кога сакаш твоите финансиски навики да тргнат на подобро?
Затоа што ќе добиеш современо банкарство во еден пакет по пониска цена од редовните што ги плаќаш кога поединечно користиш, на пример, платежна сметка, дебитна картичка, електронско и мобилно банкарство… Затоа што целиот пакет може да го активираш онлајн без потреба од одење на шалтер. И затоа што ќе добиеш производи и услуги што ќе ги задоволат твоите финансиски потреби, желби и планови согласно твоите можности и цели.
КБ пакетите на Комерцијална банка се достапни онлајн преку мБанка, Интернет банка или со електронска идентификација преку OneID и нудат сѐ што им треба на твоите лични финансии. Може да избереш КБ Стандард, КБ Бонус или Zipp пакет за млади до 29 години.
КБ Стандард ти ги нуди најважните услуги за секој ден: платежна сметка во денари и во девизи, увид, плаќања и бесплатни известувања преку Интернет банка и мБанка, бесплатни електронски налози кон физички и правни лица со сметки во Комерцијална банка, бесплатна Visa или Mastercard дебитна картичка, лесни и брзи плаќања со Apple Pay, Google Pay и Garmin Pay, 10 бесплатни проверки на состојба на сметка на банкомат, отворање траен налог без надомест и можност за дозволено пречекорување во висина на две плати. Целиот пакет ќе те чини само 40 денари месечно.
КБ Бонус ги остварува твоите желби со бонус придобивки. Покрај редовните услуги што ги добиваш со стандардниот пакет, со КБ Бонус добиваш уште повеќе – неограничена проверка на состојба преку банкомат на Комерцијална банка, бесплатна обнова на дебитната картичка и промена на ПИН и можност за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка. Сите овие поволности ќе те чинат 100 денари месечно.
Zipp Club пакетот е нова и возбудлива програма за млади до 29 години, кој овозможува целосно дигитално искуство дополнето со ексклузивни попусти, награди, бенефити при патување и учество во општествено корисни активности. Со Zipp Club добиваш бесплатно дигитално банкарство, платежна сметка, бесплатна Zipp Mastercard дебитна картичка, специјални попусти и поволности во голем број продажни места означени како Zipp Spots, поени и други поволности при секое плаќање со BonusBox програмата, бесплатни налози за плаќања кон факултет за партиципација, уписи, потврди, бесплатен 3х1 GB интернет во роаминг годишно, 6 бесплатни пристапи годишно во VIP зони во над 1.500 аеродроми, плаќање со Apple Pay, Google Pay, Garmin Pay, учество во специјални наградни игри и многу други бенефиции. Zipp Club пакетот е целосно бесплатен за невработени, а за вработени чини само 30 денари месечно.
Секој пакет може да го активираш онлајн или со едноставно пополнување барање во најблиската експозитура на Комерцијална банка. Доколку немаш сметка во Комерцијална банка, може да ја отвориш онлајн лесно и брзо со електронска идентификација преку OneID.
За добар старт на добрите финансиски навики корисно е да се имаат овие информации затоа што КБ пакетите навистина ги прават твоите лични финансии одговорни и безгрижни, ги збогатуваат твоите можности и едноставно се вклопуваат во сечиј животен стил.