Бидете одговорни, канализацискиот систем не е депонија! (ГАЛЕРИЈА)

Апелираме на совесно и одговорно користење на канализацискиот систем и потсетуваме дека истиот не е место за одлагање на отпадот – посочија од сектор Канализација.

433

Во изминатите денови, екипите на сектор Канализација и Механизација при ЈП Водовод и канализација – Скопје повторно се соочија со затната канализација, како резултат на неодговорно и несовесно користење на канализацискиот систем.

– Во село Драчево, на ул. Речиште беа исчистени и одзатнати пет шахти со длабочина од 4 метри како и цевките кои ги поврзуваат. Причина за нивно затнување беше отпад од секаков вид. Апелираме на совесно и одговорно користење на канализацискиот систем и потсетуваме дека истиот не е место за одлагање на отпадот – посочија од сектор Канализација.






Поврзани содржини