БИЈОНСЕ СИНОЌА ГО СОБОРИ РЕКОРДОТ Пејачката со најмногу награди Греми во историјата
Бијонсе ја освои наградата за најдобар денс/електронски албум, за нејзиниот последен албум „Renaissance“. Со оваа награда таа го освои 32. Греми.
Пејачката Бијонсе (41) синоќа го собори рекордот за најмногу Греми награди во историјата.
Во текот на доделувањето на престижните музички награди, Бијонсе ја освои наградата за најдобар денс/електронски албум, за нејзиниот последен албум „Renaissance“. Со оваа награда таа го освои 32. Греми.
Рекордот за најмногу освоени награди не беше соборен повеќе од 20 години, а го држеше унгарско-британскиот диригент Џорџ Солти со 31 Греми.
– Ќе се обидам да бидам помалку емотивна, само сакам да ја впивам оваа ноќ – рече Бијонсе во својот говор.
Бијонсе на почетокот на вечерта ја доби наградата за најдобра ар-ен-би песна, но таа не можеше да ја прими наградата затоа што беше заглавена во сообраќајот. Наместо неа, наградата ја примија музичарите Териус Неш и Нил Роџерс. Публиката беше воодушевена, а водителот Тревор Ноа веднаш објасни што се случува.
Потоа водителот ѝ ја донесе наградата на масата каде што се седеше музичката дива.