Бијонсе донира 500.000 долари за погодените од станбената криза

215

Американската пејачка Бијонсе ќе понуди 5.000 долари неповратни средства за помош на луѓето кои се соочуваат со иселувања поради станбената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Луѓето ќе можат да се пријават за грантот од 7 јануари 2021 година, објави пејачката на својата веб страница во вторникот. Помош ќе им биде пратена на 100 лица избрани до крајот на јануари, пренесе Си-ен-ен.






„Бијонсе продолжува да поддржува и да помага таму каде што е најпотребно. Втората фаза од „BeiGOOD Impact“ фондот сега ќе помогне на оние кои се погодени од станбената криза“, стои во соопштението на веб страната на пајачката.

Проценето е дека 9,2 милиони потстанари кои ги изгубиле приходите во време на пандемијата доцнат со плаќање закупнина, според анализата на податоци од Центарот за буџетски и политички приоритети.

Поврзани содржини