🎥 БИ ИСПИЛА КАФЕ СО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Тренчевска посакува да му го покаже проектот „Скопје 2014“ на војсководецот
Со Александар Македонски би пиела кафе, за да му го покажам проектот Скопје 2014 - рече Јована Тренчевска, а присутните почнаа да се смеат.
Претседателката на форум на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во поткаст на СДММ, на прашање со која историска личност би испила кафе, одговори дека тоа би бил Александар Македонски.
– Со Александар Македонски, за да му го покажам проектот Скопје 2014 – рече Тренчевска, а присутните почнаа да се смеат.
На прашањето што би променила во СДСМ, таа одговори дека би ставила 70 проценти од носителите на функции да бидат жени.
Таа исто така додаде дека кај себе би променила да не биде толку емотивна и ги советуваше младите да бидат гласни, да бидат храбри, да имаат цел во животот и да целат кон остварување на таа цел.
View this post on Instagram