Безос им се заблагодари на клиентите и на вработените: Дечки вие плативте за сето ова!
Безос исто така им се заблагодари на инженерите на проектот „Блу ориџин“ кои ја конструираа ракетата „Шепард“ со која што тој и уште неколкумина туристи денеска полетаа на десетминутен лет во Вселената.
Најбогатиот човек во САД, Џеф Безос, им се заблагодари на вработените и на клиентите на Амазон за неговиот лет во Вселената.
– Сакам да се заблагодарам на секој вработен во Амазон и на секој клиент на Амазон, затоа што дечки вие плативте за сето ова. Сериозно, за секој клиент на Амазон и за секој вработен на Амазон, Ви благодарам од сѐ срце. Многу го ценам ова – изјави Безос по летот во Вселената.
Безос исто така им се заблагодари на инженерите на проектот „Блу ориџин“ кои ја конструираа ракетата „Шепард“ со која што тој и уште неколкумина туристи денеска полетаа на десетминутен лет во Вселената.
Тој се заблагодари и на градот Ван Хорн во Тексас, за тоа што овозможил користење на земјиштето од каде денеска беше лансирана ракетата.