(ФОТО) БЕЗОС И НЕГОВАТА СВРШЕНИЦА УЖИВААТ ВО ДУБРОВНИК Во друштво на Кети Пери и Орландо Блум шетаат на Страдун

Пејачката Кети Пери и нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум се фотографирани додека шетаат на Страдун.

2,629

Пејачката Кети Пери и нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум се фотографирани додека шетаат на Страдун.

Двојката пристигнала на одмор во Хрватска и го разгледувале Дубровник. Кети и Орландо биле во друштво на пријатели, меѓу кои и милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Џеф Безос пред Хрватска бил во Грција и Италија, а неговата суперјахта „Кору“, вредна 500 милиони долари, моментално се наоѓа во близина на Дубровник, поточно во близина на Елафитските острови. Пред неколку дена со него на јахтата беше и актерката Деми Мур. Не е познато дали и таа пристигнала во Хрватска.

Јахтата е долга 127 метри, а има и потпорен брод долг 76 метри, на кој има и хелиодром. Може да прими 18 гости и бара екипаж од дури 40 луѓе. Вреди половина милијарда долари, а за годишно одржување и погон на овој луксузен брод Безос ќе мора да издвојува околу 25 милиони долари.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини