📷 БЕЗОС ГО КУПУВА „ВОГ“ КАКО СВАДБЕН ПОДАРОК ЗА СОПРУГАТА Дали затоа се повлече Ана Винтур од главна уредничка на списанието?

Ако треба да се верува на сè погласните шпекулации од Њујорк, Џеф Безос планира да ја купи компанијата „Конде Наст“ и легендарното списание „Вог“ - само за да ја направи среќна својата нова сопруга, Лорен Санчез.

472

Ако треба да се верува на сè погласните шпекулации од Њујорк, Џеф Безос планира да ја купи компанијата „Конде Наст“ и легендарното списание „Вог“ – само за да ја направи среќна својата нова сопруга, Лорен Санчез.

Ако овие гласини се покажат како вистинити, светот на модата влегува во ера каква што никогаш порано не ја видел. Комбинацијата на милијардер, поранешната новинарка кој штотуку се појави на насловната страница на „Вог“ и повлекувањето на легендарната Ана Винтур од челото на списанието, би можела да донесе најголем пресврт во историјата на модната индустрија.






Лорен на насловната страница, Ана во сенка – случајност или стратешки потег?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Славната Лорен Санчез, нововенчаната госпоѓа Безос, се појави овој месец на дигиталната насловна страница на „Вог“ во венчаница од „Долче и Габана“ која лично за неа ја избра Ана Винтур – најмоќната жена во светот на модата, која штотуку се пензионираше од позицијата главна уредничка по 37 години.

И додека официјални извори негираат дека е планирана каква било продажба, според пишувањето на „Дејли мејл“, вработените во модниот гигант „Конде Наст“ имаат поинакво чувство.

„Ова е единственото нешто за кое сите зборуваат“, вели еден инсајдер.

„Лорен не е типична ѕвезда на насловната страница на ‘Вог’ – па затоа сите веруваат дека ова е дел од поголема стратегија. Некој се обидува да го ‘омекне’ Безос и да го подготви теренот за аквизиција.“

Безос како издавач? Ова не би бил неговиот прв чекор во медиумите

Џеф Безос не е непознат во светот на издаваштвото. Во 2013 година го купи „Вашингтон пост“ за 250 милиони долари во готово, кршејќи ја семејната традиција на Греам четири генерации.

Затоа дури ниту приказната за можно преземање на „Вог“ не изгледа како обична гласина. Особено кога ќе се земе предвид дека вработените во Европа и Њујорк беа погодени од бранови отпуштања, додека британската филијала на „Конде Наст“ се пресели од луксузно седиште во неугледен простор на „ВиВорк“.

„Ова се класични знаци на подготовка за продажба“, вели друг извор близок до редакцијата.

Дали Ана Винтур оркестрира сè?

Можеби најголемиот знак дека нешто навистина се случува е повлекувањето на Ана Винтур од функцијата главен уредник. Иако таа сè уште раководи со глобални операции, нејзиното место како лице на „Вог“

„Ана беше последната уредничка во светот со толку голема моќ“, вели изворот.

„Сега кога сите редакции добија глобални директори, нејзиното заминување се чини дека сигнализира дека нова фаза е на повидок. А ако таа има удел во компанијата, како што се претпоставува, има и многу да добие од евентуална продажба.“.

Каде што има чад…

Друга интересна точка: директорката за европски операции на „Вог“, Наталија Гамеро дел Кастиљо, ненадејно се повлече минатата недела – наводно поради реструктуирање, но колегите се сомневаат дека тоа всушност било поврзано со големи превирања во компанијата.

„Сите зборуваат за тоа дека ‘Вог’ му е продаден на Безос. Или ќе се затвориме – или ќе бидеме модна секција на ‘Амазон’“, саркастично вели еден вработен.

Љубов, моќ и наслови

Интересно е и тоа што Безос, Санчез и Винтур со години се гледаат заедно во првите редови на модните ревии – од Том Форд до Марк Џејкобс. Нивниот однос е очигледно повеќе од пријателски, а сега би можела да стане бизнис.

И додека светските медиуми шпекулираат, едно е сигурно – ако Безос навистина го купи „Вог“, тоа нема да биде само свадбен подарок, туку сигнал дека модата, моќта и милијардите се сè повеќе испреплетени.

Поврзани содржини