БЕЗОС ГО ИСМЕЈУВААТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Милијардерот изгледа како Питбул (ФОТО)
Милијардерот во последно време интензивно вежба и сака да ги покажува мускулите, а изгледа дека на тоа го навела неговата девојка која може да се пофали со затегнато тело.
Милијардерот Џеф Безос на почетокот на годината се пофали дека 2022 година ја дочекал со својата девојка Лоран Санчез покрај базен во Сент Бартс, а на фотографијата што ја објави го покажа и својот нов имиџ, со што стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Милијардерот во последно време интензивно вежба и сака да ги покажува мускулите, а изгледа дека на тоа го навела неговата девојка која може да се пофали со затегнато тело.
Безос позирал во тесна кошула со шарен принт, а многумина го забележале неговото стегнато тело и мускули на кои работи во последно време.
Неговиот нов изглед некои следбеници ги потсети на популарниот американски рапер Питбул.
View this post on Instagram
„Ви се колнам, мислев дека ова е Пит Бул“, напишал еден коментатор.
„Тој навистина изгледа како имитатор на Пит Бул“, додал коментаторот.
„Ретка фотографија од претприемачот Безос на натпреварот за најдобра имитација на Питбул“, се пошегувал третиот.
View this post on Instagram
Инаку, Безос и Лорен ја потврдија својата врска во 2019 година. Основачот на „Амазон“ се разведе од Мекензи Скот истата година. Тој изгубил 38 милијарди долари преку развод.