БЕЗМАЛКУ ДВОЦИФРЕНА ПРЕДНОСТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД СДСМ За опозициската партија би гласале 22 отсто од анкетираните

За работата на премиерот Димитар Ковачевски, негативно се изјасниле 62 отсто од анкетираните. За 38 отсто од нив тој постигнал лош резултат, додека како многу лош резултат неговото работење го оцениле 24 отсто од испитаните граѓани. За 35 отсто од анкетираните, работата на Ковачевски е добра.

3,104

Агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ изработи теренска анкета на јавното мислење на 1.000 испитаници за периодот од 06 до 26 април 2022 година. Анкетата се однесува на повеќе актуелни прашања.

За ВМРО-ДПМНЕ, доколку тре се одржат парламентарни избори, би гласале 22 отсто од испитаниците, додека СДСМ на избори би ја поддржале 12.9 отсто. ДУИ има подршка од 6.2 отсто од електоратот, Левица од 5.4 отсто, додека позади се Алијанса за Албанците со 2.8 отсто, БЕСА со 2 и Алтернатива со 1.3 отсто. Повеќе од 10 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат на наредните избори, 15,8 отсто од нив одбиле да одговорат.






Лошиот стандард, ниските плати и пензии, високите цени се најзначајните проблеми за анкетираните, бидејќи над 20 отсто од нив го заокружиле токму ова поле. За 19 отсто од испитаниците во анкетата, економијата и финансиите се главниот проблем, а потоа следуваат невработеноста, криминалот и корупцијата.

За работата на премиерот Димитар Ковачевски, негативно се изјасниле 62 отсто од анкетираните. За 38 отсто од нив тој постигнал лош резултат, додека како многу лош резултат неговото работење го оцениле 24 отсто од испитаните граѓани. За 35 отсто од анкетираните, работата на Ковачевски е добра.

39 отсто од анкетираните сметаат дека Македонија треба да бара реципроцитет од Бугарија за да ги вклучи Бугарите во Уставот ако Бугарија писмено гарантира дека ќе го тргне ветото за отпочнување на преговорите со ЕУ.

38 отсто од граѓаните кои одговориле во анкетата, не избрале страна во конфликтот меѓу Русија и Украина. 29 отсто ја поддржуваат украина, а 13 отсто се на страната на Русија.

Поврзани содржини