Бездомник починал од студ со 1 евро во џеб, а имал 100.000 евра во банка, пензија, куќа во Калабрија, две комбиња и акции

Станува збор за Умберто Квинтино Дијако, кој исчезнал од дома кога имал само 17 години и заминал да работи во Минхен, пишува „Кориере дела Сера“.

1,259

Бездомникот (75), кој минатата недела од студ почина на железничката станица во Милано, имал повеќе од 100.000 евра во банка и 19.000 евра во акции, како и месечна пензија од 750 евра од времето кога работел во Минхен.

Станува збор за Умберто Квинтино Дијако, кој исчезнал од дома кога имал само 17 години и заминал да работи во Минхен, пишува „Кориере дела Сера“.






– Тој одлучи да исчезне засекогаш – рекоа членовите на семејството и не е познато како тој успеал да заработи толку пари.

Тој исто така поседувал куќа во Калабрија и две комбиња, со платено осигурување.

Кога бил пронајден мртов на станицата Порта Гарибалди во Милано, во џебот имал едно евро и 20 центи.

Неговата сестра Кјарина изјави за „Кориере“ дека „семејството сакало да го најде, но тој не сакал да биде пронајден“.

 

Поврзани содржини