Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера (10 април) полициските службеници издале вкупно 707 платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Така, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 225, односно 218 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистрирани беа 59 возачи, потоа 26 учесници во сообраќајот беа санкционирани за неносење сигурносен појас. Седум возачи на мотоцикл биле санкционирани за неносење на заштитна кацига, а изречени биле 15 мерки за користење на мобилен телефон при возење, 12 санкции за возење под дејство на алкохол. По основ пак на Законот за возила 17 возила биле отстранети од сообраќај и тоа три заради техничка неисправност, а 14 возила биле отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани“, наведено е во соопштениетo.