БЕЗ ВОДА БАТИНЦИ, МОРАНЕ, НОВО СЕЛО И ДЕЛ ОД ПРИПОР Се работи на отстранување на дефект

Водоснабдувањето е прекинато од 10:10 часот претпладнево, а ќе трае до завршување на работните активности.

50

Без вода денеска ќе бидат корисниците од селата Батинци, Моране и Ново Село, како и улицата „Христо Татарчев“ во Припор, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Поради дефект на водоводна цевка Ф80мм. на улица 1 бб. во село Батинци денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:50 часот до завршување на работните активности.






Без вода поради дефект на водоводна цевка Ф80мм. на улица 1 бб. во село Моране денеска ќе бидат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:50 часот до завршување на работните активности.

Поради дефект на водоводна цевка Ф100мм. на улица 1 бр13 во село Ново Село денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.

Без вода денеска поради дефект на водоводна цевка Ф100мм. на улица „Христо Татарчев“ 79 ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ крак 14 и дел од улицата „Христо Татарчев“ во Припор. Водоснабдувањето е прекинато од 10:10 часот до завршување на работните активности.

Поврзани содржини