Без струја утре ќе останат жителите на повеќе скопски општини

927

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја во различни временски периоди ќе останат корисниците во неколку населби во Скопје, информира ЕВН.

Во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Герника“ (општина Кисела Вода).






Без електрична енергија во период од 10:30 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на ул. „Алжирска“ од бројот 1 добр.33 (општина Карпош).

Во периодот од 11:00 до 13:30 часот струја нема да имаат корисниците од бул. „АСНОМ“ броевите: 36, 52, 54, 56, 58, 114 и бр.116 (општина Аеродром).

Без електрична енергија во периодот од 11:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од дел на село Долно Соње и место викано Спас (општина Сопиште).

Поврзани содржини