БЕЗ СТАНДАРДИ НЕ СМЕЕ ДА ФУНКЦИОНИРА НИТУ ЕДНА ДЕЈНОСТ Сиљановска Давкова вели дека правдата не смее да ги одмине одговорните за трагедијата
Не е време за делби и конфронтации. Болката не познава припадност. Ништо не е повредно од човекиот живот. Животите на млади луѓе згаснаа поради манипулација, импровизација и самоволие, изјави претседателката.
Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и ниту одговорен не смее да за трагедијата да ја избегне правдата, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова на прес-конференција.
– Ниту еден одговорен не смее да ја избегне правдата. Да не ја сквернавиме жртвата на погинатите. Да ги здружиме силите околу преживеаните. Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите и сигурноста на нашите граѓани. Не е време за делби и конфронтации. Болката не познава припадност. Ништо не е повредно од човекиот живот. Животите на млади луѓе згаснаа поради манипулација, импровизација и самоволие – изјави претседателката.
Претседателката рече дека и самата е шокирана, како мајка, како човек, како претседателка.
– Не знам со кои зборови да им искажам сочувство на семејствата на жртвите. Вашата неизмерна болка е и моја. Утринава ги посетив болниците и таму ме пречекаа родителите на повредените со верба во медицинскиот персонал. Верувам дека тие ќе го сторат возможното и невозможното. Знам и чувствувам дека не сме сами бидејќи не се огласија само соседите туку и подалечните држави. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и од светот се со нас. Никогаш нема да им го заборавиме овој пријателски чин.