БЕЗ ШМИНКА, ПОДОЧНИЦИ И СЕДА КОСА Ева Лонгорија покажа како изгледа во домашно издание (ФОТО)

2,551

Изгледа дека нов холивудски тренд станува природниот изглед. Славните дами почнаа да се појавуваат со седа коса, да ги покажуваат несовршеностите на своите лица и тела. Едноставно, сакаат да покажат дека и тие се обични смртници.

Една од нив е и холивудската актерка Ева Лонгорија (46) неодамна објави снимка на инстаграм-профилот каде ја покажала неверојатната трансформација која предизвика лавина од коментари и лајкови.






Актерката се снимила себеси без грам шминка со мокра коса и шноли на косата, а потоа покажа дека има и седи влакна. Без нималку срам покажа како изгледа во бадемантил и во издание во кое малкумина од славните светски ѕвезди би се осмелиле да се покажат.

Сепак, подоцна се дотерала и покажа колку голема е разликата, а следбениците биле воодушевени со двете варијанти. Под нејзината објава имаше низа на комплименти за тоа колку добро изгледа во петтата деценија од животот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини