Без наслов, но со повод

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело. Во оваа колумна професорот Марјановиќ пишува за правната држава, цивилното општество, за медиумите...

1,096

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 11 март 1998 година)

Пред три-че­ти­ри не­де­ли еден наш но­ви­нар ме за­мо­ли писме­но да од­го­во­ра­м на не­кол­ку пра­ша­ња за то­а да­ли Ма­ке­до­ни­ја има­ла прав­на ос­но­ва за раз­вој на т.н. ци­вил­но оп­штес­тво и как­ва е, евенту­ал­но, та­а ос­но­ва? Пра­ша­ња­та ми ги до­не­со­а на фа­кул­тет и јас во те­кот на ид­ни­те два де­на од­го­во­рив на нив. Што се слу­чи­ло во ме­ѓув­ре­ме, не знам. Зна­м са­мо де­ка мом­че­то не се по­ја­ви да си ги по­ба­ра од­го­во­ри­те, а јас не са­кав да го ба­ра­м или да му ги ис­пра­ќа­м по пош­та. Ми се чи­ни де­ка не­ко­и од ти­е од­го­во­ри мо­же да го ин­те­ре­си­ра­ат чи­та­те­лот.






Без ог­лед на си­те мож­ни не­до­у­ми­ци, што глав­но про­из­ле­гу­ва­ат од де­фи­ни­ци­ја­та на по­и­мот „гра­ѓан­ско или ци­вил­но оп­штес­тво” (societas civilis), Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред за­мис­ла­та на твор­ци­те на неј­зи­ни­от ус­тав, има прав­на ос­но­ва да се из­гра­ду­ва спо­ред гра­ѓан­ски­от концепт. Ту­ка е пред сè, прок­ла­ми­ра­на­та ед­нак­вос­т на лу­ѓе­то пред за­ко­нот. По­тем, во ова­а зем­ја, без ог­лед на сè, мо­ра да се то­ле­ри­ра (и се то­ле­ри­ра) по­и­нак­во­то мис­ле­ње ка­ко при­до­бив­ка на ци­ви­ли­за­ци­ја­та. Кај нас, да ре­че­ме, ве­ќе не­ма ни тра­га од фа­моз­ни­от „вер­ба­лен де­ликт”. Ма­ке­до­ни­ја ја пре­ле­жа и бо­лес­та на­ре­че­на „иде­о­ло­ги­ја”: та­а е кол­ку ла­ич­ка (се­ку­лар­на), тол­ку и де­зи­де­о­ло­ги­зи­ра­на зем­ја. Влас­та се фор­ми­ра пре­ку из­бо­ри и мо­же пре­ку нив да би­де сан­кци­о­ни­ра­на од стра­на на гра­ѓа­ни­те, ако не ги за­до­во­лу­ва нив­ни­те оче­ку­ва­ња.

Ова се во­о­би­ча­е­ни прав­ни ос­но­ви за раз­вој на ци­вил­но­то оп­штес­тво. Дру­га ра­бо­та е да­ли Ма­ке­до­ни­ја и de facto во се­кој пог­лед се из­гра­ду­ва ка­ко ци­вил­но оп­штес­тво и ка­ко прав­на држа­ва. Не е до­вол­но вој­нич­ки­от ед­но­пар­тис­ки ко­му­ни­за­м да се за­ме­ни со пар­тис­ки плу­ра­ли­зам, а држав­на­та/оп­штес­тве­на­та соп­стве­нос­т со при­ват­на, па вед­наш да се до­би­е ци­вил­но оп­штес­тво. Вој­ни­ци­те, уш­те дол­го по де­мо­би­ли­зи­ра­ње­то, во мис­ли­те жи­ве­а­т во ка­сар­ни­те. Та­ка е и со по­ве­ќе­то „вој­ни­ци на Пар­ти­ја­та”, ка­ко што се ви­ка­а са­ми­те се­бе­си они­е нај­рев­нос­ни­те, ко­и до вче­ра бе­а бо­жем-ко­му­нис­ти, а де­нес се сѐ и сеш­то: од со­ци­јал­де­мок­ра­ти, ли­бе­ра­ли до најцр­ни на­ци­о­нал-со­ци­ја­лис­ти.

Мо­же, ме­ѓу­тоа, да се тврди де­ка ко­ре­ни­те на гра­ѓан­ски­от концеп­т кај нас се мош­не крев­ки. Ова ста­ну­ва очиг­лед­но врз еден ед­нос­та­вен при­мер: на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на нај­ма­лку ус­пех има­а ток­му ав­тен­тич­ни­те зас­тап­ни­ци на овој концепт: Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, да ре­че­ме. Ова­а пар­ти­ја прва (кај нас!) се за­ло­жи за струк­тур­ни­те пре­дус­ло­ви на гра­ѓан­ско­то оп­штес­тво: по­дел­ба на влас­та и за­ем­на кон­тро­ла на од­дел­ни­те неј­зи­ни сег­мен­ти, рам­но­те­жа на моќ­та (Ан­гло­сак­сонци­те би рек­ле „check and balancies”), сло­бо­ден па­зар, ед­нак­вос­т на си­те пред за­ко­нот итн. итн.

Иде­и­ве им бе­а при­фат­ли­ви на мно­гу лу­ѓе во зем­ја­та. Мно­гу­ми­на ги фа­леа, но (ка­ко во из­ре­ка­та „Фа­ли го се­ло­то, жи­веј в град”) ма­лу кој гла­са­ше за неа, а бук­вал­но ни­ко­му и не му пад­на на па­мет фи­нан­сис­ки да ја по­мог­не или да ги афир­ми­ра неј­зи­ни­те ста­во­ви во ме­ди­у­ми­те (ка­ко осо­бе­но зна­чај­ни лос­то­ви на ци­вил­но­то оп­штес­тво).

Нап­ро­тив, иа­ко ма­луб­рој­на (спо­ред еден оп­ску­рен ав­тор од ор­га­нот на ССР­НМ: „еден пај­тон лу­ѓе”), Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја и неј­зи­ни­те лу­ѓе се­ко­гаш бе­а до­че­ку­ва­ни на нож од стра­на на пра­во­вер­ни­те бра­ни­те­ли на ста­ри­от по­ре­док (што во се­кој слу­чај е сим­пто­ма­тич­на по­ста­пка: чу­му тол­ка­ва вре­ва за­ра­ди еден пај­тон лу­ѓе?!). Та­ка, на не­кој на­чин ин­фор­ми­ра­ње­то за иде­и­те на ци­вил­но­то оп­штес­тво (и за нив­ни­от зас­тап­ни­к од пај­то­нот) ка­ко да ста­ну­ва кри­те­ри­ум за оцен­ка на вис­тин­ска­та по­зи­ци­ја на еден ме­ди­ум, без ог­лед на то­а што са­ми­от тврди за се­бе.

Од дру­га стра­на, не­ко­и од пи­са­ни­ја­та про­тив Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја и неј­зи­ни­те лу­ѓе на стра­ни­ци­те на ор­га­нот на ССР­Н­М ќе ос­та­на­т ка­ко све­дош­тво за при­зем­нос­та на ду­хот на они­е што де­нес го соз­да­ва­ат јав­но­то мис­ле­ње, а за сту­ден­ти­те по но­ви­нар­ство ка­ко по­у­ка ка­ко не сме­е да се пи­шу­ва во се­ри­о­зен ин­фор­ма­тор.

Ко­га сме ве­ќе кај ме­ди­у­ми­те, си зе­ма­м сло­бо­да да ука­жа­м на ед­на сим­пто­ма­тич­на под­роб­ност! Д-р Ва­сил Ту­пур­ков­ски, ка­ко што е поз­на­то, сѐ уш­те не нап­ра­вил пар­ти­ја. За­се­га са­мо ја на­ја­ву­ва, со то­а што на прог­ра­ма­та ќе тре­ба да се че­ка уш­те дол­го. Ако доб­ро раз­брав, та­а ќе би­де об­ја­ве­на на два ме­се­ци пред из­бо­ри­те (!?). Фак­тот де­ка Де­мок­рат­ска­та ал­тер­на­ти­ва не­ма „по­ли­тич­ка ле­ги­ти­ма­ци­ја” (по­пис на иде­и за ко­и лу­ѓе­то би се оп­ре­де­лу­ва­ле), во­оп­што не пре­че­ла тие, спо­ред збо­ро­ви­те на ид­ни­от прет­се­да­тел, (на не­ви­де­но!) ма­сов­но да ѝ прис­та­пу­ва­ат. Неј­се!

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1000 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини