БЕЗ КОНСЕНЗУС НЕМА ПРОМЕНА НА ИМИЊА НА УЛИЦИ Мицкоски појасни кои имиња на улици можат да се менуваат
Премиерот рече дека еднострани одлуки за промени на имиња на улици во владата нема да се разгледуваат.
Не може да има промен на имињата на улиците без консензус. Тоа зави од одлука на влада. Доколку има таква еднострана одлука јас таква точка на дневен ред нема да разгледувам – рече премиерот Христијан Мицкоски запрашан за тоа дали прифаќа промена на имињата на улиците во Тетово како што најави тамошниот градоначалник.
Премиерот потсети на коалицискиот договор околу промената на имињата на улиците.
-Има коалициски договор, а тоа е дека сите улици без имиња , со имиња кои имаат броеви ќе се именуваат, односно ќе добијат имиња. Но, тие имиња треба да бидат прифатени со консензус од Владата – рече Мицкоски.
Градоначалникот на Тетово деновиве најави дека ќе има промена на имињата на повеќе улици во градот.