(Без)државјанство
Лицата кои немаат државјанства по основ на раздружување на републиките од федерацијата не се странци по никој основ оти имале државјанство на федерацијата и грешка е што Бадентеровата комисија за раздружување на Југославија не ги обврзала републиките да го решат ова прашање напоредно со раздружавањето.
Една иницијатива на коалицијата АА-Алтернатива за уредување на статусот на лицата без државјанство ги вознемири емоциите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и двете партии едногласно изјавија дека во основа не се сложуваат со предлозите на коалицијата лицата без државјанство во дадениот момент и кои имале државјанство на другите републики и државјанство на СФРЈ а кои до 8 септември 1991 живееле на територијата на Република Македонија да можат да бараат македонско државјанство (синтагмата е согласно Преспанскиот договор прифатен од албанските политички партии) врз основа на сведочењето на тројца сведоци!
Лошото во оваа работа ги има корените во Законот за државјанство од 1992, Службен весник на РМ бр. 67, од 03.11.1992 год, поточно во член 26 на законот, каде меѓу другото стои:
„Државјаните на другите републики на СФРЈ кои пријавиле престој на територијата на Република Македонија можат да добијат државјанство на Република Македонија ако во рок од една година после влегувањето во сила на овој закон поднесат барање, доколку имаат трајни извори за живеење, се полнолетни и до поднесување на барањето законски престојувале на територијата на Република Македонија најмалку 15 години“.
Еден таков голем временски престој ниту тогаш ниту пак денес се предвидува во некоја европска земја, но целта на македонските политички партии, претставени од страна на предлагачот (министерот за внатрешни работи), беше редукција на бројот на Албанците во новата независна држава Република Македонија со образложение дека лицата кои беа државјани на СФРЈ и со државјанство на другите републики со престој во Македонија поголемиот број беа косовари! Тоа Глигоров им го рекол на многумина, а посебно на Герт Ахренс (G. Ahrens, Diplomacy on the Edge).
Ако и ден денеска се анализираат законските регулативи за процесот на натурализација во многу земји членки на ЕУ и вон ЕУ, како во Бугарија, Шведска, Обединетото Кралство, Словенија, и тн. времетраењето на престојот на странците кои бараат натурализација е меѓу 3, 4, и 5 години законски престој во тие земји.
Тоа што тогаш се бараше 15 години со предлог Законот за државјанство претставен од тогашниот министер за внатрешни работи, ПДП одлучно го отфрлаше и го проблематизираше во меѓународните инстанци. И ден денес не ми е јасно и не знам од каде идејата на министерот и на тогашната Влада за тие фамозни 15 години престој и една година рок на пријавување?
Согласно овој член на арбитрарен начин им се негираше правото на голем број Албанци кои со децении живееја, работеа, се школуваа, служеа војска, имале куќи во Република Македонија а имале државјанство на СФРЈ и државјанство на други републики. Тука не се работи за законски престој во друга република туку неколку децениско живеење во една од републиките на Југословенската федерација.
Усвојувањето на овој закон со полн консензус меѓу СДСМ и -ВМРО-ДПМНЕ и острото спротивставување на ПДП беше продолжение на рестрикциите од Уставот од 1991 год. кој ПДП не го гласаше и перманенто го оспоруваше пред меѓународни инстанци.
Во член 11 од овој закон стоеше следното: „…По исклучок на член 7 од овој Закон, странецот кој наполнил 18 години може со натурализација да го добие државјанството на Република Македонија ако ово претставува посебен научен, економски, културен и национален интерес, посебно за сите Македонци од потекло кои живеат вон границите на Република Македонија“.
Врз основа на овој член еден министер за внатрешни работи во Владата на Георгиевски во годините 1988-2001 им даде автоматски македонско државјанство на неколку илјади Македонци кои живеат и работат во Австралија, Канада, Америка и друго. Овој дискриминаторен член е избришан со измените и дополнувањата на Законот во 2004 год.
Со измените и дополнувањата на Законот за државјанство во 2004 год. изгледа дека се создавале олеснувања за добивање на македонското државјанство (секогаш согласно Преспанскиот договор!) во основа некои олеснителни клаузули беа драстично злоупотребени од службите на интелигенцијата при разгледување на барањата за државјанство одбивајќи ги барањата на апликантите без некој суштествен повод.
Во член 14 од Законот ( Службен весник на Р.М бр. 08 од 23.03.2004 стои следното: „Државјаните на другите републики од бившата СФРЈ како и државјаните на бифшата СФРЈ кои до 8 септември 1991 пријавиле престој и до пријавувањето на барањето живеат во територијата на Република Македонија и имаат вистинска и ефективна врска со Република Македонија можат да го добијат државјанството на Република Македонија ако во рок од 2 години од влегувањето во сила на Законот поднесат барање, ако против нив не е покрената кривична процедура во Република Македонија, и ги исполнуваат условите на член 7, став 1 точките 1 и 6 на овој закон’.
Иако вториот дел од членот јасно се органичува на „покренати кривични пријави“ органите кои одлучувале по ова прашање одбивањето на барањата го образложиле врз основата на нивната квалификација за „закана за безбедноста на државата“!!!
И за чудење по овој измислен основ неколку илјади баратели со години не можат да го искористат нивното право за стекнување на државјанство.
Предлагачите од АА-Алтернатива кои бараат измени и дополнувања на Законот за државјанство, наместо да излезат со чудни правни квалификации, можеле да го ископираат член 14 од измените на Законот во 2004 год. како основа за измени и дополнувања со одредувањето на еден нивен рок за поднесување на барања за државјанство.
Потребата за добивање на државјанство слично „на склучување на брак пред матичарот“ (Зоран Заев) не држи и нема правни образложенија затоа што согласно член 22 од Законот „Евиденција за државјаните на Република Македонија и другите државјани кои се родени на територија на Република Македонија води Министерството за внатрешни работи“.
Во врска со ова сите генерации кои се родени во бившата СФРЈ, нејзините републики и покраини се запишани во матичните книги на министерствата за внатрешни работи и за сите тие постојат прецизни податоци за датумот и местото на раѓањето, местото на нивното школување, името на школото, служењето на воениот рок, стеблото на семејството, катастарските парцели, плаќање на разни такси кон федерацијата, и т.н.
Лицата кои немаат државјанства по основ на раздружување на републиките од федерацијата не се странци по никој основ оти имале државјанство на федерацијата и грешка е што Бадентеровата комисија за раздружување на Југославија не ги обврзала републиките да го решат ова прашање напоредно со раздружавањето.
Овој проблем кој е роден со прогласувањето на независноста на Република Македонија е присутен до денешни денови и претставува сериозен проблем во уживањето на човековите права и слободи за голем дел немакедонци.
Според податоците на УНХЦР, Република Македонија нема прецизни бројки на лица без државјанство. Но, според нивните податоци, Ромите се на чело на листата без државјанство, некаде над 13.000. поради многу причини, освен југословенската причина, како номадскиот начин на живот, лошите услови за живот, пречките на администрацијата при упис на новородени, непријавување на престој, негрижата на држава кон нив, дискриминацијата од страна на институциите на државата, и др.
Гледајќи ги работите од овој агол Владата требала да направи оперативен план за намалување на бројот на лицата без државјанство онака како што прават земјите членки на ЕУ во согласност со Конвенцијата од 1954 за статусот на лицата без државјанство, потоа Конвенцијата од 1961 за намалување на бројот на лицата без државјанство. Овие конвенции ги одредуваат минималните стандарди кои треба да ги уживаат лицата без државјанство во областа на нивното образование, вработување, вдомување, административна помош, документи за патување и др.
Ако внимателно се анализира акцијата на Комесарот за бегалци на ООН за намалување на бројот на лицата без државјанство во 10-годишниот период од 2014-2024 год. може да заклучиме дека Владата на Република Македонија има за должност да презема соодветни мерки за намалување на бројот на лицата без државјанство, сѐ до потполно решавање на проблемот до 2024 год.
Согласно цитираните регулативи политичките партии со нивните пратеници во законодавниот дом треба да се грижат да се реши овој проблем кој не е уникатен само во нашата земја и кој постои скоро во сите земји.
Дури тие треба да водат грижа и за уживањето на нивните човекови прави и слободи кои им се оневозможуваат од државните органи и институции.