БЕЗ БУГАРСКАТА ИСТОРИЈА НЕМА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА Лидерката на бугарските социјалисти ги испорачa условите во преговорите
Иако македонските власти се оптимисти дека во декември, евентуално јануари, Македонија може да ја одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ, од бугарска страна велат дека нема наскоро да кажат „да“ за влез на Македонија во ЕУ.
Додека јас преговарам за влада, Северна Македонија нема да влезе во Европската Унија ако ја избрише историјата на Бугарија, порача Корнелија Нинова, лидерот во оставка од Социјалистичка партија на Бугарија во интервју за Слободна телевизија.
Бугарската социјалистичка партија освои 26 пратеници на парламентарните избори, трети по ред годинава. Во Собранието на Бугарија има 240 пратеници, а партијата „Продолжуваме понатаму“ има 67 пратеници. Досега „Продолжуваме понатаму“ преговараше со Бугарските социјалисти, со „Демократска Бугарија“ која има 16 пратеници и со партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ“ која има има 25 пратеници. Сите заедно би имале мнозинство од 134 пратеници во Собранието, што значи дека без поддршка од социјалистите не би имало влада.
Лидерката во оставка на социјалистите откри дека веќе имала две средби со Кирил Петков од партијата „Промените продолжуваат, која победи на изборите.