За време на државниот празник „Свети Климент Охридски“, утре и во понеделник на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, односно во зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.
Редовна наплата ќе се врши во зона А0- Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26ти Јули“ и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза, соопштуваат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
По повод празникот „Св. Климент Охридски“ во понеделник и паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.
„Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи во вторник (10 декември) со вообичаено работно време. Од ова исклучок е паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата“, соопштуваат од ПОЦ.