Беснееле со Порше Кајен и излетале од патот

Се запалил маркет на Партизанска.

2,054

СО ПОРШЕ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ – На 18.10.2020 во 02.10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Питу Гули“, патничко возило „порше кајен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(36) од Скопје излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатникот М.П.(43) од Скопје се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ОД ТЕТОВО – На 17.10.2020 околу 18.40 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен А.Б.(25) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






НЕЛЕГАЛНО РАБОТЕЛЕ ВО РЕСТОРАН ВО ЖЕРОВЈАНЕ – Полициски службеници од СВР Тетово и инспектори од Државен пазарен инспекторат во периодот од 23.00 часот на 17.10. до 02.00 часот на 18.10.2020 извршиле акциска контрола во угостителски објект во с.Жеровјане, општина Боговиње. Притоа од слобода биле лишени две странски државјанки (од БиХ и од Р.Србија) на возраст од 27 и 32 години, поради злоупотреба на туристички престој. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

СЕ ЗАПАЛИЛ МАРКЕТ НА ПАРТИЗАНСКА – На 18.10.2020 во 01.50 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Партизански одреди“, во маркет настанал пожар, при што биле опожарени два ладилника и дел од стаклото на излогот од маркетот. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Увидот е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

КОКАИН И МУНИЦИЈА НАЈДЕНИ КАЈ КОЧАНЧАНКА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Г.(37) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 13.06.2020 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што пронашле и одзеле кокаин и куршуми со калибар 22LR, кои неовластено ги набавила и држела кај себе заради продажба.

СКОПЈАНКА НАПАДНАТА ВО БИТОЛСКО – На 17.10.2020 во 23.50 часот во СВР Битола, Ј.К.(61) од Скопје пријавила дека  околу 23.30 часот во с.Дихово, битолско, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ДВАЈЦА ВОЗАЧИ ВО КУМАНОВО – На 17.10.2020 во 10.00 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од регионален пат Куманово-Свети Николе и бул.„Трета македонско-ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(35) од с.Биљановце, кумановско, и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(23) од Куманово. Во незгодата С.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Г.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата Болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

НАПАДНАТО МОМЧЕ ВО КАФАНА – На 17.10.2020 во 23.30 часот Д.С.(19) од Скопје, пријавил дека околу 23.00 часот, во угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од Б.Ѓ. Се работи на расчистување на случајот.

ГАЗДА ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА, НЕ ГО ПРИЈАВИЛ ВРАБОТЕНИОТ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Р.С.(48) од с.Три Чешми, штипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“. Во периодот од 24.09.2015 до 09.01.2018 пријавениот, како управител на фирма од с.Таринци, општина Карбинци, не ги евидентирал и не извршил исплата на часовите од прекувремена работа и работа во недела, ниту извршил пресметка и уплата на законски задолжителната стапка за пензиско и инвалидско осигурување, задолжителното здравствено осигурување, задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност и дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за Т.А. од с.Зеленград, пробиштипско, кој во наведениот период бил вработен во фирмата.

ГРАДЕЖНИК СЕ ПОВРЕДИЛ НА РАБОТНО МЕСТО – На 17.10.2020 во 11.00 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен С.Ѓ.(60) од Крива Паланка за укажување на лекарска помош. Според пријавеното, тој се здобил со тешки телесни повреди при пад додека изведувал градежни работи за фирма, на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје. Излезено било на местото на настанот од страна на  полициски службеници од СВР Скопје.

СКОПЈАНЕЦ НАПАДНАТ ПРЕД РЕСТОРАН – На 18.10.2020 во 01.30 часот Д.Д.(32) од Скопје пријавил дека околу 00.50 часот во нас.Драчево, во близина на угостителски објект, бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

Поврзани содржини